Прилеп шест месеци без „Испитен центар за полагање возачки испит“- кандидатите губат, и време, и пари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Веќе шест месеци прилепчани не се во можност да полагаат возачки испит т.н  градско возење. Останувајќи без лиценца, Испитниот центар за полагање возачки испит во Прилеп  е не функционален веќе од средината на декември, мината година, а кандидатите губат, и пари, и време! 
Кандидат од Прилеп шест месеца чека да се оформи комисија за полагање, губејќи и пари и време. Стравуваа дали по паузата ќе се пролонгираат и роковите за да не се доведат во ситуација пак да преполага сѐ.
И, намесо полагањето на возачкиот испит, најчесто за Б категорија, со кој кандидатот се стекнува со знаење и дозвола за управување со автомобил, да биде една убав момент за младите возачи, но и за безбедност во сообрајќајот, на крајот од денот,  ова стана сериозен проблем.

Во Прилеп кандидатите за возачи можат да се полага теоретскиот испит (тестови)  и возење на полигон, но не практичниот дел од возачкиот испит ( т.н “вожна“), и се прнудени тоа да го прават во соседната општина Кавадарци. Но, велат„ Некои документи не ни’ ги признаваат во таа општина, па повторно треба да бидеме изложени на трошок за да ги добиеме. Се прашуваме дали истите законите важат во сите градови на Македонија?„ велат кандидатите кои се обратија до нашата редакција.

ВО ЧЕКАЊЕ НА ФОРМИРАЊЕ НА ИСПИТНА КОМИСИЈА, ШТО ВЕЛИ ЗАКОНОТ?
Во Законот за сообраќај се вели дека кандидатот за возач го пријавува полагањето на возачкиот испит во испитниот центар според неговото живеалиште, односно во подружницата на испитниот центар каде што има пријавено престојувалиште во последните шест месеци. Инку, оваа проблематика ја регулира членот 20 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити, кој го донесе МВР врз основа на Законот за сообраќај.

– По исклучок од ставот (2) на овој член, во случај кога е одземена лиценцата на испитниот центар или кога има забрана за вршење дејност на испитниот центар, како и во случај кога лиценцата на испитниот центар е истечена, кандидатот за возач го пријавува и полага возачкиот испит во испитен центар надвор од неговото живеалиште, односно пријавено престојувалиште по негов избор. – ни’ одговорија од МВР.

 

Но, проблемот е во тоа што кандидатите што веќе положиле теоретски дел или популарните тестови за возачка, може да полагаат и да паѓаат неколку пати во текот на една година, но по 365 дена им се поништува и резултатот од полагањето теорија и повторно мора да платат за тестовите и да ги преполагаат, да го загубат правото на положениот теоретски испит и со тоа да се изложат на дополнителни трошоци.

 

ПРАШАВАМЕ : КОГА ПРИЛЕП ЌЕ ДОБИЕ ИСПИТЕН ЦЕНТАР?

Во исчекување на одговор од МВР „за пристап до информации од јавен карактер„  ,дознаваме дека наскоро Испитниот Центар за возила во Прилеп ќе добие линценца за работа ( за две /три недели)  и оваа немила ситауција за оние кои сакаат да полагаат возачки испит, ќе биде решен. 
КОЛКУ ПАРИ ЧИНИ ПОЛАГАЊЕТО НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ 
Според решението на МВР за висината на трошоците за полагање на возачкиот испит со кое се утврдени сите трошоци за категоријата Б, за првото полагање на возачки се плаќаат 6.276,00 денари и тука се вклучени полагање тестови, полигон и градско возење.

Повторно полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит, кој се состои од 40 прашања, ги чини кандидатите нови 2.241,00 денари.
Цената за повторно полагање на практичниот дел на испитот е по 2.156 денари за прв практичен дел (полигон) и 2.156 денари за втор практичен дел (возење низ град). Ако кандидатот не успее да положи од прв пат, тој мора да уплати повторно за испит и да почека најмалку 15 дена пред да може да се пријави повторно.

Според Законот за безбедност на сообраќајот, кандидатите за возачка дозвола од Б категорија мора да имаат најмалку 40 часа практична обука, од кои 10 часа се на полигон, а 30 часа се на јавен пат. Цената за еден час практична обука е 500-600 денари. Ова значи дека до стекнување со возачка дозвола за управување на автомобил кандидатот ќе мора да издвои најмалку 500 евра под услов кандидато да положи од прва .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В недела „Сите на велосипед“ Прилеп – Мало Коњари – Прилеп

В недела на 25 ти мај во организација на Општина Прилеп и Велосипедски клуб и сервис „Илинден“ ќе се одржи манифестацијата „Сите на велосипед“. Релацијата за ова велосипедско дружење е позната, собирање од 11 и 30 ч, се тргнува од пред „Реклами“ од центарот на Прилеп во 12 часот. Патеката...

Бозоски: Камениот магацин не е под заштита како културно наследство, реконструкцијата на кровот е согласно законските прописи

Деновиве на социјалните мрежи и на дел од медиумите актуелни беа информациите за наводна незаконска доградба на камениот магацин во сопственост на Диме Бозоски, советник и заменик градоначалник на Општина Прилеп. Објектот не е под заштита како културно наследство и Реконструкцијата на кровот од камениот магазин е во согласност со...

(ВИДЕО)Арифи: Колку повеќе публика на градски, толку поголема мотивација за нас

Секогаш прилепска Победа е во фокусот на вниманието кај љубителите на фудбалот и спортската јавност , а исто така и играчите кои успешно ја завршија оваа комплицирана сезона за нив и секако оставија посебен белег со своите настапи во второлигашкото друштво.Можеби како никогаш досега одбраната играше на едно високо ниво...