Прилеп: Се уредува централното градско подрачје и Чарши џамија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Продолжуваат градежните активности за доуредување на централното градско јадро што е сликата на Прилеп. Старата градска чаршија е белег на градот, а во тие рамки и Чарши џамијата која што децении е оставена на забот на времето, без да се преземат било какви комунални, археолошки  или градежни зафати за нејзино зачувување.

Чарши џамија во срцето на прилепската чаршија е заштитеното културно добро и претставува значаен дел од историското и културното наследство на Прилеп.

„Прилеп не смее да има руинирани објекти во самиот центар на градот. Нашата обврска е да го зачуваме и уредиме секое место кое сведочи за историјата на градот.Затоа, во координација со Јавните комунални претпријатија и под посебен надзор на НУ Завод и музеј Прилеп, пристапуваме кон внимателно расчистување и уредување на просторот околу овој локалитет. Просторот ќе биде исчистен, уреден, ограден и соодветно осветлен, со почит кон неговото историско значење. Различностите мора да ги почитуваме, а културното наследство да го чуваме. Само така градиме достоинствен и европски Прилеп, град во кој се негува историјата и се гради мултикултурно општество,“ посочи градоначалникот Дејан Проданоски на социјалните мрежи .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Очекувани порази на Победа и Големо Коњари

Во 21 то коло од Втората македонска лига двете прилепски екипи забележаа порази во гости и на домашен терен. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ за прв пат по 4 натпревари поради казна од ФФМ се играше пред публика. На ФК Победа и’ гостуваше екипата на ФК Скопје и сосема очекувано...

Прилеп бара решение за кучињата скитници и воведува нов правилник за надоместокот на штета од каснување на куче скитник

На втора седница со ред, прилепските советници дискутираа по предлогот за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња и по предложеното упатство за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Дискусијата се одвиваше во насока дали...

Нова цената за услугите во градинките и старскиот дом – донесен правилник за штета предизвикана од каснување на куче бездомник

Советот на општина Прилеп денеска ја одржи 11 седница, на која пред советниците се најде обемен дневен ред со неколку важни финансиски документи, извештаи за работа, донации и проширување на буџетот. Меѓу одлуките беше и покачување на цената на услугите за детските градинки и старски дом по одлука на управните...