Прилеп остана и без големата сала во Цепенков и киното Мис Стон

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По контрола и инспекција на Дирекцијата за заштита и спасување ги затвори големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и киното „Мис Стон“ . Салата и киното се затворени за секаков вид манифестации и приредби се додека не се отстранат сите недостатоци од заштитата.Додека пак, Центарот за култура непречено може да одржува изложби, концерти и настапи во ликовната галерија и во фоајето.

Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп решението го добиле во текот на вчерашниот ден. Во решението констатирани се повеќе недоследности  од областа на безбедноста на објектите:

-Го добивме решението во кое, меѓу другото, се вели дека нема хидрант, односно тој никогаш комплетно не бил доопремен, нема громобран, не е функционален алармниот систем за пожари, резервниот извор – агрегатот за напојување со струја не е во функција, како и електромоторот за подигнување и спуштање на завесата на сцената во големата сала од „Марко Цепенков“. Освен тоа, инспекторатот констатирал дека некои од излезите од сцената за евакуација се отвораат обратно, посочува Марија Попова Јованоска, директорка на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Салите ќе останат затворени додека не се отстранат недостатоците.

По инспекциската контрола вон употреба од 25 ти март е ставена и зградата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, каде се најдени 15 безбедносни недоследности и пропусти.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Креираме препознатлив медиумски простор-#РАДИОШТОСЕГЛЕДА

Во време кога дигитализацијата ја достигнува кулминацијата , Радио Пела во чекор со сите аудио и видео промени , надоградби и адаптирања за креирање на свој , посебен, препознатлив медиумски простор.Како и многупати досега во своето работење , заедно со нашите коминтенти успеваме да го збогатиме просторот со кој нашите...

За нарачките од „Тему“ , „ АлиЕкспрес“ќе се плаќа 18% ДДВ

Со усвојувањето на измените на Законот за данокот на додадена вредност се укинува досегашното ослободување од ДДВ за комерцијални нарачки до 22 евра, со што платформите како „Тему“, „Али Експрес“, „Шеин“ и другите меѓународни продавници влегуваат под истиот даночен третман како и домашните трговци. Собранието ги усвои измените на Законот...

КОГА ЌЕ СЕ КРЕВА ЛЕПЧЕ ПО ПОВОД СЛАВАТА СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ?

ПО ПОВОД СЛАВАТА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ (АРАНГЕЛОВДЕН) лепчињата ќе се креваат (прережуваат) во слава и чест на светителот, исклучиво во црквите,информираат од хранот Св.Благовештение Прилеп ЧЕТВРТОК НА 20ти вп СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – лепчињата ќе се креваат од 07.30 до 17.00 часот. во СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА) – од 15.30...