Прилеп одбележа 154 години од раѓањето на идеологот Гоце Делчев

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Претставници од Советот на Општина Прилеп, од Локалната самоуправа, од училиштето кое го носи името на најголемиот македонски син Гоце Делчев денеска се поклонија пред бистита на херојот. Општина Прилеп денеска одбележува 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог на националната борба, Гоце Делчев. По тој повод пред спомен-бистата во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, институцијата што со гордост го носи неговото име, делегација од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, делегација од училиштето „Гоце Делчев“ заедно со претставници од останатите училишта и граѓани, положија свежо цвеќе и му оддадоа почит на великанот на Македонија.

Гоце Делчев е еден од најголемите македонски национални херои, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна борба, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.

Роден е на 04 февруари 1872 година во Кукуш.  На 3 мај 1903 година откако пристигнал на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ во селото Баница Серско, војската го опколила селото и во борбата утрото на 04 мај загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Индустриската зона Металец се доуредува со асфалтирање на улици и осветлување

Индустриската зона Металец, позната како Прилеп 1 инфраструктурно се доуредува со асфалтирање на уличната мрежа. За таа цел од Буџетот на Општина Прилеп се оддвојуваат средства со кои ќе биде завршен процесот на урбанизација на Индустриската зона. „После подолги години, од основниот буџет на општина Прилеп се одвојуваат 37,4 милиони...

Овековечување на делото на Ѓорѓи Ачески-Аче, промоција на монографија и Камерна галерија „Аче“

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, в среда на 8 ми април, во  „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп. Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку...

Концерт на Женскиот камерен хор „Керамија“ во фоајето на Цепенков

По повод најголемиот христијански празник Велигден, хорот „Керамија“ вечерва / 6.04 – понеделник/  во фоајето од 19 часот ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од...