Прилеп одбележа 122 години од смртта на Гоце Делчев и 113 години од смртта на Пере Тошев

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп одбележа 122 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог  и борец за македонската кауза, Гоце Делчев и 113 години од загинувањето на македонскиот револуционер, Пере Тошев, чиј што гроб се наоѓа во црквата Св.Благовештение во Прилеп. Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, заедно со делагација од Советот на Општина Прилеп, претставници од институции и политички партии, граѓани положија свежи цвеќиња пред спомен обележјата на македонските револуционери и на Могилата на непобедените.

„Денес оддаваме почит на двајца великани на македонската историја — 122 години од херојската смрт на Гоце Делчев и 113 години од загинувањето на прилепчанецот Пере Тошев. Нивната визија за слободна и независна Македонија останува светилник за сите генерации! Ние, Македонците, имаме должност постојано да ја пренесуваме нивната приказна — да зборуваме за нивната жртва, за нивната борба и за нивната љубов кон татковината. Само така ќе му покажеме на светот дека Македонија е вековна земја со длабоки корени, со сопствен идентитет, јазик и име кое не се заборава. Нека е вечна нивната слава! Нека живее Република Македонија,“ по тој повод упати порака до своите сограѓани градоначалникот Борче Јовчески.

Во основното училиште кое гордо го носи неговото име денеска достојно одбележа и 122 година од загинувањето на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев со оддавање на почит пред бистата на револуционерот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Половина македониски градови утрово без струја, меѓу кои и Прилеп

Два часа прилепчани останаа без струја ова утро. Околу 5 часот до 7 часот, прилепчани беа без струја, а некаде еден некаде, два часа снемало струја и во Скопје, но и во  Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Кичево, Гевгелија и Куманово. Според МЕПСО, државната компанија за пренос на елетрична...

Прилепски угостител им точел алкохол на малолетници

Угостител, чии објект е во централното градско подрачје, дозволил малолетници да пијат алкохол. По полициска контрола по 24 часот било утврдено дека малолетници конзумирале алкохол. Синиоќа, (17/18.05.2025) , полициски службеници од ОВР Прилеп извршија контрола во угостителски објекти во централно градско подрачје на Прилеп.Тие удрвдиел  точење на алкохол на малолетни...

(ВИДЕО) Протектор полисата за животно осигурување -комбинација од штедење и заштита од ризици за себе и најблиските

На тема „Полиса за животно осигурување“ и колку оваа услуга на осигурителните компании е навистина влог во иднината дискутиравме со Лина Димоска од Протектор, Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп. Колку одлуката за користење на услугата значи само финансиски бенефит – инвестиција или со тоа се обезбедува осигурувањето на животот...