Прилеп: Од 280 апликации за самовработување, повеќе од половината добија гранд средства

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Центарот за вработување Прилеп годинава пристигнале 280 апликации за самовработување, од кои 167 успешно го поминале филтерот за стартување на нови бизниси. Во тек е склучувањето на договори, така што наскоро треба да се очекува отпочнување на производствени и услужни бизниси, од кои некои за прв пат се регистрираат во Прилеп. Оперативниот план на Владата нудеше примамливи услови за отпочнување сопствен бизнис со самовработување со гранд средства од: 10 илјади евра за лица на возраст до 29 години, 7 илјади евра за лица над 29 години и партнерство или содружништво за основање на друштва со ограничена одговорност од двајца баратели со грантови од 20 илјади, 17 илјади или 14 илјади евра. Заинтересираноста беше голема, потврдува Виолета Димеска, директор на Центарот за вработување Прилеп.

„Сега сме во тек на склучување на договорите. Имаат добиено 61 лице гранд до 29 години, 56 лица над 29 години и вкупно 50 лица кои имаат конкурирано како содружници, односно се формирани 167 друштва со ограничена одговорност бидејќи тие функционираат како еден правен субјект. Она што радува е што годинава има доста нови бизниси за кои што досега немало апликација, како што се инструктор за параглајдерство, кафе книжарница, изработка на табли за јајца, мермер. Од дејностите имаме центар за комуникации јавно говорење и правна реторика што е досега го немало како бизнис. Имаме архитектонско студио, студио со имплементирање на модерна технологија, производство на продукти од полиетиран, кој што се користи за производство на душеци за спиење. Има доста автолимарски, механичарски работилници, продажба на текстилни производи, модни студија, ателје за мода, така што доста се разновидни бизнисите кои што имаат добиено грантови. Се надевам дека ќе бидат успешни во наредните години,“ вели Димеска.

Во Центарот за вработување Прилеп за трите општини во тек е потпишување на договорите со  лицата кои што добро го изработиле бизнис планот, а дел се во напредна фаза од реализација на процесот.

„Правното лице се регистрира во Централен регистар, лицето добитник на гранд во Агенцијата за вработување склучува договор и треба да ги донесе профактурите од каде што ќе ги набавуваат материјалите и тоа што им е потребно за работа. Со тие профактури и со склучениот договор овде, се оди во банка каде што се отвора наменска сметка. Потоа од како ќе се отвори наменската сметка се склучува договор со банката за траен налог. Во Агенцијата за вработување ги внесуваме профактурите и договорот од банката во системот и потоа следува исплатата. Она што е важно да се напомене дека исплатата оди на наменска сметка, од каде што потоа на профактурите кои што ги има доставено корисниците се исплаќаат средствата на фирмите од каде што ги има набавено материјалите, репроматеријалите и производите за продажба,“ додава Димеска.

Судејќи според големиот интерес за актуелниот Оперативен план, до година се очекува уште повеќе млади лица првото вработување и својата идеја за сопствен бизнис да го остварат преку можноста во 2026 та година. Наредниот Оперативниот план со мерката за самовработување преку грантови би требало да биде активирана во првите шест месеци од годината.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО)Краделе дрва, па се обиделе да прегазат полицајци

Дрвокрадци во прилепско синоќа предизвикале судар со службено возило на шумската полиција, информираше на социјалните мрежи заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов. Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн...

Прилепски судии ќе судат натпревар од младинската лига на шампиони

Ново признание за македонските судии од УЕФА.Дуелот помеѓу ФЦБ и Пушкаш ќќе го судат прилепските судии, Влатко Илиоски како главен , Иле Мишески како негов асистент , тука е и Мартин Дејаноски од Кичево , а четврт судија на овој меч ќе биде романецот Влад Бабан. Натпревар започнува утре со...

Тутунски откуп: За два дена се вклучува една компанија, а од понеделник сите останати

За два дена, од четврток започнува со откуп Италмакс, покрај Тутунски Комбинат и Кавекс Балкан, а од почетокот на наредната недела, од први декември во откупната кампања се вклучуваат и останатите 7 откупувачи.  Првата седмица од предвремениот тутунски откуп помина како и што се очекуваше: тутунот се откупува само во...