Прилеп ќе гради Дневен центар за стари лица

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп ќе гради Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење. Тоа ќе преставува  современ простор кој ќе овозможи социјална интеграција, дневна грижа, дружење и активности за унапредување на менталното и физичкото здравје на возрасната категорија граѓани во Општина Прилеп.

Договорот за градење Дневен центар за стари лица со активно стареење , како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светската банка и спроведен преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, го потпиша градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

„Овој значаен проект претставува уште еден чекор напред во нашата заложба за градење на инклузивна и одржлива локална социјална заштита, насочена кон реалните потреби на граѓаните.“- напиша Јовчески на својот ФБ профил

“Oваа нова социјална услуга, наменета за постарите лица, ќе донесе позитивни придобивки за здраво и пристојно стареење, а воедно и ќе го зајакне партнерството меѓу институциите и граѓанските организации со заедничка цел – позитивни промени и добробит во заедницата.” – велат од Здружението Центар за развој и едукација – Прилеп кои се инициатори на проектот и веќе неколку години активно работата на подобрување на социјалните услуги наменети за постарите лица.

Проектот чини 2.016.590 денари од кои: 170.456 денари ги обезбедува Општината Прилеп, а 426.600 денари  ги обезбедува давателот на услугата, во согласност со трошоците за набавка на стоки, опрема и услуги, предвидени во поднесениот проект.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Формирана комисија за проценка на штетите од јунското невреме во прилепско

На денешната редовна седница на Советот на Општина Прилеп, советниците донесоа одлука за формирање на стручна комисија за проценка на штети во земјоделието  од невремето што се случи на 27 јуни 2025 година во прилепско. Општинската комисијата ќе треба да ги процени штетите направени во населените места: с. Кадино Село,...

Дејан Долгоски од Прилеп, добитник на третиот скутер од наградната игра на Авто Контрол

Во Авто Контрол Станица за технички преглед, Прилеп денеска беше третото извлекување од наградната игра  „Време е за скутер“. Традиционално и овој пат  Цацко од К-15 беше во главната улога за извлекување на 11 среќни добитници на вредни награди како што се: ваучери за хемиско чистење на патничко возило; ваучери...

Ребаланс на Буџетот и низа обвинувања и дискусии за проектните остварувања

Ребалансот на Буџетот на Општина Прилеп за 2025, предложен на денешната 63  Седница,  предизвика низа дискусии, поврзано и со предлог – развојните програми на општина Прилеп за период 2025-2027 година и предлогот за субвенционирање на ЈКП за 2025 година. „Ребаласот не дава никаков економски просперитет на градот“- констатира советникот, Никола...