Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица 

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во соработка со Центарот за развој и едукација-Прилеп, Општина Прилеп ќе отвара Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење. Општината деновиве треба да започенe со адаптација на просторот, во старата зграда на месната заедница „Рид“. Се очекува објектот да биде реновиран до крајот на септември и во во најбрз можен рок, од 1 јануари 2026 година, да започне со работа.

“Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење во Општина Прилеп  е дел од грантот на  Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на Светска банка  и преставува значаен чекор во насока на градење на хумано, инклузинво и грижливо опшество. Капацитетот на установата ќе биде 48 лица, кои тука ќе доаѓаат во 2 смени, поминувајќи по 4 часови дневно, под надзор на 4 стручни лица,истакна„ истакна Марина Тошеска, од Центарот за развој и едукација-Прилеп.

Овој центар не е само простор каде што нашите повозрасни сограѓани ќе го поминуваат своето време, туку вистински ресурс кој ќе го подобри нивниот квалитет на живот, преку промоција на концептот на активно стареење“ рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески при оваа прилика.

Пред повеќе од една недела го потпишавме договорот за грант со Министерството, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги. Тоа беше првиот конкретен чекор кој денес веќе го преточуваме во реалност. Горди сме што со воспоставување на овој Центар, со капацитет за 48 лица, Прилеп го зајакнува пристапот до социјална заштита и демонстрира вистинска грижа за своите граѓани. Овој Центар е симбол на меѓугенерациска солидарност и потврда дека за нас, секоја категорија на граѓани заслужува достоинствен живот.“  рече тој

 Центарот ќе нуди социјална, здравствена поддршка на старите лица, работа со психолози, поврзување со здравствени работници, за подобрување на физичката и психичката состојба на старите лица, како и едуктивни и  културни услуги што ќе бидат дадени од професионален кадар кој ќе биде вработен во центарот.

“ Вкупната сума на проектот е околу 2 милиони денари, тоа се трошоци кои ќе се користат само за воспоставување на услуги, односно реконструкција и опрема на просторот, кој е со површина од 100 м2, а остантиот износ од 5 милиони денари се трошоци кои се наменети за вработување на 4 лица и за тековни режиски трошоци и трошоци за потребни матерјали за одржување на тековните активности, планирани согласно програматаза активно стареење на нашите корисници“ рече Тошеска, од Центарот за развој и едукација-Прилеп.

Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги , кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика , со поддршка од Светската банка  и во партнерство со Општина Прилеп, Општина Кривогаштани и Општина Долнении.Тој преставува петти ценатар од ваквов вид кој ги има Македонија ( Општина Жупа, Општина Босилево, Општината Крива Паланка …) Неговите услуги  ќе може да ги користат лица со навршени 65 годишна возраст.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...