Во Прилеп излезноста до 13 часот според ДИК изнесувала 21,69 %. Доколку се спореди со излезноста на Локалните избори 2021 та година таа е намалена за 9,7 % бидејќи за истиот период од денот на гласање, тогаш на гласање излегле 31,39 отсто од регистрираните гласачи во општината. А додека, ако се спореди процентот на излезност со Локалните избори во 2017 та таа е речиси двојно помала. Имено, до 13 часот на локалните избори во Прилеп 2027 година до 13 часот излезноста изнесувала 37,73 %.