Елизабета Филипоска /Новинар/
Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но, наместо полна кошница, се враќа со трауми од блиска средба со мечка. повреди на главата, каде според лекарите имало дел откинување на скалпот, каснатини на лицето, на носот, каде дел од носот бил откинат, угризни рани од заби на вратот и на градниот кош. Ова не е сцена од филм, туку вистинска приказна што се случила во неделата (09 .11 2025) попладнето во атарот на с.Рилево (Општина Долнени)
Зошто мечките, токму во ноември, стануваат поактивни – и понекогаш опасни. Дали е тоа глад, страв или нешто трето?“ Што ги тера дивите животни да се приближат до луѓето токму во овој период?“
Климатските промени влијаат врз достапноста на храна и однесувањето на мечките. Во недостиг на храна за време на хибернација мечките се спуштаат и во падините на планините, велат зоолозите. Но, она што ги “буди“ овие животни и воопшто дивите животни да бидат поагресивни е човечкото однесување.
Депоните и отпадот од храна кои се создаваат во близина на населените места, дивата сеча на шумите и опожарувањето на шумскиот фонд ,високите температири се еколошките фактори предизикани од човечкиот фактор кои резултира со намалување на територија и изворот на храна на дивите животни,вклучително и мечка, и тоа се создава битка за територијално однесување или самоодбрана на дивите жиотни , вклучително и мечките,при присуство на човекот,
„Ние им навлегувамме во нивните територи, во нивниот дом, Мечката е плашливо животно, нејќи да има конфронтација со луѓето. Некогаш се случуваат такви несакани ситуации, кога таа е изненадена. Претежно мечката не го перцепира човекот со вид ,туку со мирс -таа може да намириса и на далечина од 5 км, и при навлегувањето во нејзита територија таа алармира “, вела Игор Галоски – професор по ветерина во СОУ “Орде Чопела“ – Прилеп
Според податоците од Сојузот на ловџиите, во земјава се регистрирани околу 160 мечки. Ги има во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер и во околината на резерватот Јасен,а во прилепската околина има околу 7/8 мечки.
Мечките во Македонија се заштитен вид. Забрана за лов постои од 1996 година, кога е евидентирано нагло опаѓање на бројот на примероци од ова животно.
По случајот, неколку комнтари и размислувања, кои само потврдуваат дека мечките не треба да се убиваат и отстранат од шумскиот фонд, бидјеќи ги напаѓаат лушето, туку дека поради непочитување на природата, климатските промени, загадувањето, крирањето на депонии, дивата сеча и шумските пожари, ја предизвикуваат опасност животни да се се доближуваат до населените места по потрега за храна.
„Пожарите го стеснија животниот простор на животните. Ова е само мал дел од данокот за неодговорност.
Јас летово имав три блиски средби , од кои првата , на почетокот на Јуни беше речиси судар. Благодарение на моите кучиња се помина со бегање на мечката но не секој има среќа . Затоа потребно е особено внимателно движење дури и во ниските делови на планините.„
Lani od selo Drenovci imaše vakov slučaj napad od mečka žnači gi ima vo pogolem broj .požarot koji besneeše mesec dena vo jasen makedonski brod koji životnite baraat spas i se naseluvaat vo blizina na salata zato što nema mnogu narod i razdviženost.
Но, кога се случуваат вакви несакани ситуации, дали мечката е крива или човекот? Кој кому му ја загрозува безбедноста и кој е виновникот- човекот со својата еко несовесност и уништување на природата или дивите животни, чии дом е само шумата/планината? Остануваат, сепак, овие прашање отоврени при помислата и намерата да се движиме во шума или при помислата да се уништат дивите животни.
Се чини потребна ни е поголема едукација ! Ние мора да знаме дека шумата не е само место за прошетка – таа е жив екосистем, дом на суштества што живеат по свои правила. А, денешната приказна за мечката и човекот не е само предупредување, туку и потсетник дека природата бара почит, разбирање и внимание.
Да бидеме свесни, да се едуцираме и да се движиме низ дивината со отворени очи – и со срце што знае да ја слуша приодата и дивината.









