Презентација на Оперативниот план за активни мерки за вработување во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре, четврток, 5 јуни 2025 година во големата сала на Општина Прилеп ќе се одржи презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, активни мерки од Агенцијата за поддршка на претприемништвото, како и тековни мерки и јавни повици на Министерството за економија и труд.

Презентацијата ќе ја водат заменик-министерот за економија и труд, г. Марјан Ристески, претставници од релевантните институции, како и домаќините од Општина Прилеп.

Ќе бидат присутни од Занаетчиската комора, Младинскиот совет Прилеп, заинтересирани граѓани и организации за мерките кои наскоро ќе стапат на сила за поттикување на вработливоста и развој на бизнис секторот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Трипуновски: обезбедено привремено решение за наводнување на левата падина од Прилепско поле

По известување на подружницата на Прилепско поле денеска преку ФБ статус ресорниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски информираше дека нарпавено е бајпасирање-премостување на проблемот со дефектот од главниот цевковод кај местото викано Сарика со цел да се обезбеди вода за поголем дел од земјоделските површини од левата падина. Како што...

Дизелот повторно поскапува, во два дена за 4,5 денари од литар

По вчерашната корекција на цените на дизелот (зголемување од 2,5 денари од литар) Регулаторната комисија за енергетика денеска со нова повисока цена која што ќе важи од 21.06.2025. Цената на дизелот од полноќ се зголемува за дополнителни 2 денари, и од утре 21.06.2025 ќе изнесува 72 денари. Цените на другите...

Прилепско поле: за неколку дена ќе биде саниран дефектот на главниот цевковод за наводнување на левата падина

Подружница Прилепско поле, при АД Водостопанство во врска со големиот дефект на главниот цевковод од водоснабдителната мрежа на левата падина денеска преку известување информира дека за неколку денови ќе биде саниран проблемот: Проблемот со главниот цевковод за наводнување на левата падина од прилепскиот систем е од почетокот на сезоната за...