Превентивни активности за безбедност на децата во сообраќајот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На крајот на учебната година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Општина Кочани и Одделението за внатрешни работи – Кочани организираше интерактивни работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“.

Со едукацијата беа опфатени учениците до петто одделение во ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари, ОУ „Климент Охридски“ – Облешево и ОУ „Синиша Стоилов“  од Зрновци.

Целта на работилниците беше низ теоретски и практичен дел со интерактивна презентација, на децата како најранлива група на учесници во сообраќајот да им се презентираат основните правила за безбедност во сообраќајот. Посебен акцент се стави на значењето на  правилното преминување на улица на пешачки премин, потоа на правилата при користење на средства за движење (велосипед или тротинет), како и за улогата на сообраќаецот во регулирање на сообраќајот и значењето на сообраќајните знаци.

На импровизирана крстосница, беше демонстрирано како сообраќаец го регулира сообраќајот, при што учениците имаа можност да научат правилно да се движат на крстосница, почитувајќи ги дадените правила и знаци од страна на полицаецот. По завршување на интерактивната презентација, на учениците им се овозможи да бидат во улога на полицајци со симулација на регулирање на пешаци.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците во ООУ „Славчо Стојменски“ – Виница второто полугодие го започнаа со новитет..

Учениците во ООУ „Славчо Стојменски“ второто полугодие го започнаа со прекрасен новитет – во функција е пуштен новоизградениот мини фитнес центар во рамки на училиштето. Центарот располага со две целосно опремени простории: едната со модерни и современи справи за теретана, а другата наменета за аеробик и пилатес активности. Со ова, еден дотогаш нефункционален простор е

Сладолед, кафе и смути на едно место: „Пингу“ започна со работа во Кочани

Денеска во Кочани беше отворено ново слатко катче „Пингу“, лоцирано на улицата „Димитар Влахов“ во населбата Стришани, веднаш до крушниот тек. Просториите беа отворени со благослов од храмот „Св. ВМЧ Георгиј“. „Пингу“ е првото и единствено слатко катче од ваков вид во Кочани и нуди богата и разновидна понуда од секаков вид кафе, смути, сладолед,

Пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани

Утринава, нешто по 8 часот, избувна пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека пријавата за пожарот ја добиле во 08:45 часот. На терен интервенирале две противпожарни возила и четворица пожарникари, кои со брза интервенција спречиле огнот да се прошири и да зафати соседна куќа.