Претставување и разговор со писателката и сценаристка Дора Шустиќ

Оригинален линк на написот: Text.mk

На 9 април (вторник), со почеток во 19:30 во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателката и сценаристка од Хрватска, Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

На настанот ќе биде претставен нејзиниот роман „Пци“, за кој таа беше финалист за најзначајната награда за роман во Хрватска, наградата „т-портал“, а ја доби книжевната награда „Драго Герваис“. Романот „Пци“ ја раскажува приказната за младата жена која откако ќе се запише на славната Филмска академија во Прага се надева дека од животот ќе го добие сето она што го сака – „знаење, слобода, секс, работа, успех, љубов и пари“. Прага е градот на нејзините сништа, но и место во кое ќе се соочи со сите предизвици на животот. Кога на една забава ќе се запознае со постар харизматичен фотограф, таа се вљубува и се препушта на страстите, без да насетува колку е моќна неговата темна енергија. „Пци“ е роман за генерацијата миленијалци желни за слобода, пораснати да веруваат дека сè е можно додека суровоста на либералниот капитализам не ги сведе на прекарна работа во која нема место за идеалите на младоста. Освен за романот „Пци“, Дора Шустиќ ќе зборува и за својата работа како сценаристка и режисерка, како и за другите прозни, поетски и есеистички дела.

Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментално работи како сценаристка и развива свои филмски и книжевни проекти. Објавува кратки раскази, песни, новинарски текстови и есеи на хрватски, словенечки и англиски јазик.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Дора Шустиќ во Скопје, поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Совети за патување и летување во Египет

Египет не беше на врвот на мојата листа за патувања, но првото патување се случи во деември 2022 година, а плановите се повторно пак да појдам во топлиот Дахаб. Последниве неколку години, Египет и Хургада се дел од бројни понуди на туристички агенции, но пред да тргнете на пат предлагам да прочитате за државата, навиките, The post Совети за патување и летување во Египет first appeared on Text.mk.

Европа го забележа најжешкиот јуни досега

Минатиот месец, јуни, беше третиот најтопол јуни досега, веднаш зад истите месеци во 2024 и 2023 година, соопшти Службата за климатски промени „Коперникус“ на Европската Унија. Глобално, јуни беше третиот најжежок досега, продолжувајќи ја серијата жешки топлотни бранови во последните години, бидејќи планетата се затоплува како резултат на емисиите на стакленички гасови од човештвото. „Во The post Европа го забележа најжешкиот јуни досега first appeared on Text.mk.

ШТО АКО ГО ИЗБРИШАТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ?

Пишува: Наташа Доковска Што ако утре, во тој извештај на Вајц, — или кој и да е — некаде меѓу редовите го нема зборот „македонски“?Што ако тивко го прешкртаат нашиот јазик, нашата историја, нашата различност, нашата гордост?Што ако тоа мине, како што често поминуваат работите кај нас — со спуштена глава, со зборот „ќе помине The post ШТО АКО ГО ИЗБРИШАТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ? first appeared on Text.mk.