Претставници на 31 медицинска установа од 19 држави во Европа доѓаат во Кочани на одбележувањето на трагедијата од 16 – ти март 2025

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Претставници од 31 медицинска установа од 19 држави од Европа ќе присуствуваат на одбележувањето на првата годишнина од трагичниот настан во „Пулс“, најавено е денеска на прес конференција на која присуствуваа  градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов и претставници на Организацскиот одбор.

На пресот, градоначалникот Владко Грозданов  упати апел до граѓаните во текот на тридневното одбележување на најголемата трагедија на Кочани во поновата историја, да се воздржат од излегување на улица со автомобил, со цел странските делегации што го потврдиле своето доаѓање да можат слободно да се движат низ градот, нагласувајќи дека сообраќајниот режим ќе биде регулиран од полициски службеници.

Истовремено, Грозданов упати препорака до јавниот и приватниот сектор во градот да ги ослободат вработени од работните обврските за да може сите заедно на достоинствен начин да им оддадат почит на жртвите во пожарот што се случи минатата година на 16- ти март во Кочани

На прес конференцијата  градоначалникот Владко Грозданов,  повтори дека предвидените содржини, кои  ќе имаат духовен, комеморатеивен и културен карактер, започнуваат на на 14 – ти и ќе се одвива до 16 март на различни локации.

Првиот ден од одбележувањето на  годишнината ќе започне со  богослужба во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Во 8 часот ќе има литургија за упокоените, а во 9,30 часот – општ парастос. Во 10, 45 часот на Градските гробишта ќе биде одржан трикратен опело за жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“  

Следниот ден, на 15 март, во 9 часот е предвидена рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“, на релација на Пониква.

Исто така,на 15- ти, со почеток во 10 часот, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата. Во ЦК „Бели мугри“, во 13, 30 часот ќе биде прикажан музичко-балетски перформанс насловен  „Кочани ви благодари“, по што следува концерт на Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Во 17,30 часот во еден од салоните на „Бели мугри“ ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.

Содржините од одбележување на кочанската трагедија на 16-ти март започнуваат во 02,15 часот пред дискотеката „Пулс“, каде ќе се одржи настан насловен „Светлина што останува“, а во 7 часот започнува трката „Св. Николе – Штип – Облешево – Кочани“.

Во Паркот на револуцијата во Кочани на 16 – ти, во 8,45 часот ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, со муралот „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите.

Во 9 часот е предвиден прием на гости и делегации во Општината, а во 10 часот е  молитвата за упокоените.

Комеморацијата „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ ќе се одржи во 10,30 часот во ЦК „Бели мугри“, додека во 12,30 часот, според програмата, претстои отворањето на меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“, со што завршува тридневното оддавање на почит кон загинатите во пожарот вокочанската дискотека.

 

 

 

 

 

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците