Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, цели час и половина остана во салонот на ЦК„ Бели мугри“ во Кочани, каде беа изложени предмети и фотографии од сите 63 починати во дискотеката „Пулс“.
Се потпиша и за секој поединчено напиша порака во малите тефтерчиња пред фотографиите и предметите на починатите, поставени таму како „мали книги на жалост“. Кога започна да пишува во тефтерчињата, салонот беше полн, кога заврши – беше празен.
Станува зборза настан, кој во програмата за одбележување на годишнината од кочанската трагедија е насловен како Меморијал „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“.
Откако заврши со пишувањето во минијатурните „книги на жалост“ , претседателката Сиљановска Давкова се сретна и разговараше и со авторката на книгара „Ќе те има“, Марина Стојчевска. Оваа книга беше промовирана претходната вечер.
Сето ова се случуваше на 16. март во попладневните часови во ЦК „Бели мугри“ откако претходно во големата сала на Националната установа заврши комеморацијата посветена на починатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









