Претрес во прилепско, пронајдена пушка и муниција, лишено од слобода едно лице

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Скопјанец во с. Витолиште,  во неговата викендица, чувал муниција од автоматска пушка, ловечка пишка, рамки од автматски пушки, дури граната. По претрес на полицијата тоа му е одземено,а лицето е приведено.

Имено, на 03.04.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.А.(45) од Скопје. Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викендичка во близина на с.Витолиште, прилепско, во сопственост на Ј.А.(45) од Скопје. При претресот била пронајдена ловна пушка со калибар 16мм, ловни патрони со калибар 16мм, 223 куршуми од автоматска пушка, 70 куршуми за пиштол, четири рамки од автоматска пушка, две рамки од полуавтоматска пушка и граната. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп,...

(ВИДЕО) Тутунски Комбинат подготвен за старт на откупот

На 18 ти ноември, вторник, Тутунски Комбинат на 34 пунктови и 37 ваги почнува со откуп на договорените количини од 2 милиони и 300 илјади кгр. ориентален тутун.  Средствата за исплата се обезбедени. Цените договорени во март се највисоки досега, а доколку има корекции за повисоки цени, Комбинатот ретроактивно ќе...

“Средби со граѓани“ функционира! Остварени средби и надеж за соработка – прв примен ден и отворени врати за граѓаните на Општина Прилеп

Првиот најавен и организиран приемен ден со граѓаните на Општина Приелеп, е отценет како успешен. 20 – тина прилепчани имаа можност да ги изнесат своите сугестии, предлози, идеи и да побараат помош од локалната власт. Целта на средбите со граѓаните  е да се идентификуваат реалните потреби и да се понудат...