Првични неофицијални резултати за вториот круг од Локалните избори за гласањето во регионот:
Голема победа на ДРАГАНЧО САБОТКОВСКИ од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општина Могила со 79,86% од гласовите вкупно 2.070, наспроти независниот кандидат САШО ПИВКОВСКИ со 16,01% или 415 гласови.
Во општина Долнени победата ја однесе БЛЕРИМ ИСЛЈАМИ од КОАЛИЦИЈА ВЛЕН со 57,38% од гласовите или вкупно 3.979 наспроти САШКО ВЕЛЈАНОСКИ од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 40,37% од гласовите или 2.799.
До последен момент „мртва трка“ во Крушево каде победата ја однесе НИКО ЧОНЕСКИ од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 48,58% од гласовите или 2.661 наспроти досегашниот градоначалник ТОМЕ ХРИСТОСКИ од Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ со 48,24% или вкупно 2.642 гласови што е разлика само од 19 гласови.









