Преродба : Тримир, празник за среќата и љубовта на младите – Тримир е наша традиција (ВИДЕО + ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како што е ред адетите во Прилеп се пренесуват низ вековите а празникот Тримир е еден од оние кој опстојува и како што велат од прилепзското здружение Преродба ќе продолжи како традиционален женски празник кој се слави во весела тримирска атмосфера.Со богата посна трпеза , овошје , боза со некој препознатлив и интересен специјалитет од жените од ова здружение а сето тоа збогатено со женско друштво , муабери и шега од сите страни.

Адетите за Тримир се пренесувале од баба на мајка , од мајка на ќерка , велат од здружението и со гордост раскажуваат за подготовките за овој празник, за тоа како било некогаш а како е сега.погледнете во видеото подолу.

Третиот ден по Прочка е празник , Тримир, празник за среќата и љубовта на младите , празник полн со обичаи но и празник кој треба да се негува и одржува за мир и слога во домот , за спокојство кое секое семејство си гопосакува.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Театарски белешки (3): Кога имаш сè, а не гледаш ништо!

Отсекогаш мислам дека театарот е тој што треба да те издигне, да те мрдне од дното, да ти подаде рака да излезеш од калта, па без оглед дали тоа ќе биде преку мисловна напнатост, смеа до солзи, плачење или пак некако поинаку, но сигурно преку живиот збор и живата игра....

Teaтарски белешки (2): Kаде го снема пркосот?

Бисовите на преполната голема сала на НУЦК „Марко Цепенков“ повеќе од доволно зборуваат за маестрално одиграната претстава „Црно семе“ на Народниот театар-Битола. Како посветен гледач, воодушевен сум од театарската подготвеност на актерите и тоа од сите до еден, од нивната сплотеност на сцената, нивното владеење на текстот на Ташко Ѓорѓиевки...

Театарски белешки (1) -Добра мисла, добра енергија и култура!

По 59 пат Прилеп го живее својот театарски сон засладен со воздух што мириса на липи. Што и да е, како и да е „Черндорински“ за мене е радост, љубов и возбуда. Врвица луѓе, па преполна сала, светлото се гасне и магијата почнува, За мене ова беше топло и свечено...