“Преродба“ ја негува традицијата и за Св.Никола – се виткаат малите посни сарми со кои Прилеп влезе во Гинис

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Здружението Преродба продолжува со негување на традицијата за патрон празникот на Прилеп, Св.Никола. Члeнките на здружението , со своите кулинарски вештини, покажаа како треба да изгледа светиниколската трпеза. Велат без прилепски светиниколски сарми, со големина на лешник, кои се карактеристични само за Прилеп, посно гравче, риба , слатки и овошје светиниколската трепеза не е комплетна .

– Марија Михајлоска, една од најпрвите членки на здружението Преродба, раскаж за нејзиното активно учество во одбележувањето на овој празник и за тоа како треба да бидат светиниколските сарми.

– Младите се иселуваат, но ја задржуваат традицијата , бидејќи сакаат и во иселеништво да ја имаат Македонија во срцето – вели Ленче Спиркоска

Празникот Св.Никола , заштитникот на Прилеп е инспирација и за поетесите. Марија е  членка на здружението Преродба и токму овае празници се за неа инспиративни. Па, нејзината песна за Св.Никола и Прилеп стави белег на ова одбележување на традиција.

Св.Никола е заштитник на Прилеп повеќе од една деценија ,а овој православен празник е куќна слава н аполовина прилепски семејства, па,често прилепчани знаат да кажат „половина прилепски семјства  слават,а другата половина им оди на госи„ .Оваа година домаќин на светиниколската слава е Општина Прилеп која ги поканува сите добронамерници да го посетат Прилеп. Најпрвин ќе се одржи Света Божествена литургија во најстарата црква Св.Благовештение, а пота ќе се извржши режење на славскиот колач пред параклисотна Св.Никола во центарот на градот ,да одбележувањето на празникот заврши со сеопшто славје и делење на посен светиниколки ручек за сите гости и посетители.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...