Денеска ООУ „Никола Карев“ го одржа новогодишниот базар, кој привлече голем број посетители.
На настанот беа изложени новогодишни производи изработени од учениците, а празничната атмосфера беше збогатена со забавна програма, со настап на училишниот хор, маскоти и диџеј.
Директорот на училиштето, Александар Андов, истакна дека ваквите активности ја поттикнуваат креативноста и заедништвото кај учениците и придонесуваат за создавање позитивен празничен дух.
Новогодишниот базар помина во весела атмосфера, оставајќи насмевки кај учениците и посетителите и најавувајќи успешен крај на годината за училиштето.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









