Предупрдување или презаситеност – гласачи помалку, неважечки ливчиња се’ повеќе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Елизабета Филипоска /новинар/

Откако изминаа два дена по изборите, полека стивнува првичната славеничка атмосфера. Фокусот во некои од прилепските регионални општини е во вториот изборен круг.

Но, анализите и резултатите од првиот круг веќе дадоа аларманти и загрижувачки податоци – сè помалку гласачи, а сè повеќе неважечки ливчиња. Ваквите показател, што во никој случај не треба да се занемарт, туку напротив, треба да послужат како предупредување,  говора дека или гласачкото тело станува презаситено од изборни пропаганди, кампањи и предизборни ветувања или параметрите укажуваат на растечка недоверба и апатија кај гласачите.

Ни, гласачкото тело во Прилеп не ја одмина оваа индиферентност (рамнодушност) кон општествено – политичките случувања и (не) активно учество во изборниот процес. На локалните избори видно на површина исплива сè поголемата незаинтересираност на прилепчани за гласање, што резултираше со пад на гласачкото тело кај речиси сите партии. (ДИК соопшти дека на овие локални избори право на глас имаа 1.832.415 избирачи и потврди дека од нив на изборите излегле 885.085 граѓани, а важечки се 831.361 ливчиња.) Излезноста е 48,30%, соопшти Државната изборна комисија.

И, она што стана впечатливо на овие локални избор е тоа што повеќе од половина од гласачите на изборите на 19 октомври се одлучија да останат дома, а голема е бројката и на оние коишто се појавиле на гласачките места, но само за да пречкртаат или напишат некоја шегобијна порака на гласачкото ливче, се со цел тоа да биде „некорисно“. Дел од преставниците од избирачките комисии и набљудувачките на избирачките места во Прилеп, велат дека при пребројувањето на гласачките ливчиња во кутиите, наидувале на 50-тина до 100-тина неважечки ливчиња, што досега во изборните процеси не се случило. Но, ова не е случајно – само потврдува дека црвениот аларм веќе е вклучен, а пожарот од незадоволство, недоверба и апатичност значително е присутена.

Официјално, Државната изборна комисија изброи 53.713 неважечки гласови, што е речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. Според податоците на ДИК, секое 16-то ливче е неважечко, што е речиси двојно повеќе во однос на минатите локални избори во 2021 година кога имало 11.472 неважечки ливчиња за градоначалници и 13.367 за совет, односно вкупно 37.859 „пропаднати“ гласови.

И, е момент за за поопсежна анализа, бидјеќи нискиот цензус, сам посебе говори за низок легитимитет на партиите и граѓанска свест за значењето на практикувањето на  демократија. Ова отвора сериозна дебата за причините за ваквото однесување на гласачкото тело, за (не)довербата, за (не)сигурноста, (не)увереностa, (не)искреноста, (не)чесноста, (не)добронамерноста на поединци, за (не)вербата во способност и стручност и постапките што ги преземаат, и за отворено прашање „каде грешат, односно каде и кон што тежнеат поединците кои ги водат партиите или групите во општествената заедница?!“

Без отворен и аргументиран јавен дискурс, сè се сведува на формалност. А, јавниот дискурс не е само зборување – тоа е слушање, разбирање и активно учество во отворен, чесни и динамичен процес за подобра иднина и повеќе насмеани лица. За да не се изгуби довербата и да се врати  надежда!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Емотивно и фантастично : „Немир” и тоа како треба да се слуша

Емотивно , како што е и самата композиција „Немир” од Тоше и Каролина , овој пат во свежа верзија на малата Ива Пауновиќ и прилепчанецот Денис Димоски.Ива има 7 години и заедно со својот ментор направија одлична кавер верзија на македонскиот хит, всушнот таа многу ги сака песните на Тоше...

Апсење во прилепската болница за можни финансиски злоупотреби

По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница. Според неофицијални информации приведени се 27 лица поврзани со сомнежите за сторен криминал во работењето на прилепската болница. Според првичните информации, истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително  раководни...

Крушево и Долнени во втор круг на избори – кампањата е во тек

Коалицијата ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ  ја водат битката за градоначалник во Оптшина Долнени, а во Крушево СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Во Долнени, Блерим Ислами од ВЛЕН води со 22 гласа пред Сашко Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ, а со 400 гласа преднос, пред Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ води Томе Христоски од...