Предлог на Радио Пела за избор на 13 Величествени за 2025 е Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп – 80 години центар на културна енергија што го привлекува вниманието на медиумите
Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп сè почесто е во фокусот на јавноста и медиумите, благодарение на својата иновативна и ангажирана улога во локалната заедница. Со низа културни, едукативни и општествено одговорни активности, библиотеката се позиционира како повеќе од традиционален простор за читање – таа станува вистински културен хаб.
Во изминатите месеци, библиотеката организираше низа настани кои го привлече вниманието на националните медиуми: од креативни работилници за деца и младинци, преку книжевни вечери со познати автори, до инклузивни програми за ранливи категории, натпревари за поттикнување на креативноста и самодовербата кај младите . Особено внимание предизвика активностите поврзани со одбележување на 80 години од нејзиното формирање.
Медиумите ја истакнуваат библиотеката како модел за современа културна институција која успешно ги комбинира традицијата и новите технологии. Со дигитализација на дел од книжниот фонд, интерактивни изложби и партнерства со училишта и невладини организации, библиотеката „Борка Талески“ покажува дека библиотеките можат да бидат живи и динамични простори во заедницата.
Во време кога интересот за читање се соочува со предизвици, ваквите иницијативи се од исклучително значење, а градската библиотека не само што ги инспирира своите сограѓани, туку и поставува нови стандарди за улогата на библиотеките во 21-от век.









