Пратеничката Пешевска од Кочани: Ова е линч и говор на омраза кон Соколова, институциите да ја спроведат правдата, женските организа да го осудат ваквиот чин

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со оглед на ситуацијата што се случува во Кочани најостро го осудувам говорот на омраза и линч кон Александра Соколова, којашто е кандидатка за советничка. Затоа што нападот кон Александра Соколова, е напад кон сите мајки, татковци и семејства кои ги изгубија своите најмили во пожарот во „Пулс“.

Ова вчера го кажарече пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, пред судот во Кочани.

Таа од Кочани ги повика сите институции доблесно да ја спроведат правдата. Пешевска истовремено ги повика и сите женски организации, како што ги нарече – душегрижниците и борците за женски права, да го осудат говорот на омраза против жената со починато дете во „Пулс“ што прифатила да се најде на советничка листа.

Тука го спомнувам и го повикувам Форумот на жени од СДСМ да го осуди овој говор на омраза како и Клубот на пратенички којшто го води Јована Тренчевска. И повторно ќе повикам на разум, затоа што навистина донесовме низа документи, резолуции, кодекси за фер и демократски избори, само треба доблесно да се почитуваат, достоинствено да ја водиме оваа кампања која што ќе следи за локалните избои, истакна Пешевска.

На пресот пред основниот суд во името на УЖ на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани се обрати Марија Ананиева, која информираше дека е поднесена кривична пријава против лица кои преку свои профили и преку администраторите на интернет страници (ги спомена„Јул Медиа“ и „Наше Кочани“) шират говор на омраза и навреди врз неистомисленици.

Осовено безмилосна игра со човечки емоции преставуваат и политичките објави на сметка на нашата членка – мајка која го изгуби своето дете во трагедијата во „Пулс“. Ова се објавите во кои “политичките канибали”, за цели на Локални избори 2025, се служат со најдолни навреди базирани на загуба и солзи! Ваквите објави се најсурова злоупотреба на човечката болка и обид за двојна виктимизација на жртвите, со единствена цел одредени општествени и политички маргиналци да добијат внимание и шанса. Таквото омаловажување и газење врз човечко достоинство е недозволиво, нечовечно и мора да добие институционален одговор. Сакаме јасно да порачаме – секој граѓанин, без исклучок, има право да учествува во јавниот живот и во донесувањето на одлуки.

Тоа право никој нема да му го одземе со навреди, лаги и омраза. Во пресрет на почетокот на кампања за Локални избори 2025, го повикуваме ЈО за брза и навремена реакција за спречување на ова “политичко канибалство на безидејните” и ја повикуваме јавноста и сите чесни луѓе, заедно да се спротивставиме на ваквите валкани кампањи. Човечноста е над политиката – и затоа упатуваме јавен повик до сите учесници во изборниот процес, кандидати за градоначалници, за советници и носители, јавно да го осудат овој начин на “политичко дејствување” базирано на лична дискредитација на учесниците во Локални избори 2025. Ние со почит кон жртвите и нивните семејства продолжуваме да работиме за граѓаните. Кочани заслужува повеќе – и достоинство, и визија, и иднина. Ќе продолжиме да се бориме и институционално и јавно против секој обид за деградација на жената, мајката и граѓанката, рече Ананиева.

Повеќе за ова во видео материјалот објавен на фб профилот на radiokocani.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Кочани гласале 131 болни и немоќни лица од пријавени 135

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, своето право на глас, денска го остварија болни и немоќни лица. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, вкупно 135 болни и изнемоштени лица претходно беа пријавени за гласање од дома. Од нив, 131 лице го искористи своето избирачко право,

Во Кочани тече гласањето на болните и изнемоштените пред неделните избори

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, денеска своето право на глас го остваруваат болните и немоќни лица, како и граѓаните кои се наоѓаат во притвор или издржуваат затворска казна. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, денеска гласаат 135 болни и изнемоштени лица, кои претходно се

ШЕСТКА ВРЕДНА НАД 460.000 ДЕНАРИ

Во 82 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 1, 5, 6, 16, 26, 30 и 33. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше една шестка вредна 465.696,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 52.757.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е: 3, 1, 4, 3, 9, 6. Добивки со шест и пет погодоци немаше.