Познати добитниците на државната награда за животно дело „11 ти Октомври“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Годишните добитници на најпрестижната државна награда за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија  „11 Октомври“ се

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им  се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.

 Наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката му се доделува на  проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор.

Тоа денеска го одлучи одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ чии претседател е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.

Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Промовирани две книги за деца на Иван Антоновски

Денеска на пладне во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа промоција на книгите „Бакнежи од небото“ и „Градина полна латици“ на авторот Иван Антоновски. Со оваа предновогодишна литературна дружба на која присуствуваа голем број дечиња и нивни родители, Центарот ги заокружува активностите на својата литературно-издавачка дејност за...

Одбележани 100 години од раѓањето на композиторот Властимир Николовски

Денеска на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со научен симпозиум беа одбележани 100 години од раѓањето на македонскиот композитор Властимир Николовски. Тој е роден на  20 декември 1925 година во Прилеп, и се смета за еден  од најплодните македонски композитори во 20 век . Тој припаѓа на втората генерација...

Новогодишниот базар во Прилеп започнува в среда

Во Прилеп, среда, започнува новогодишниот базар со што и официјално стартува „Прилепската празнична приказна“, со многу забава и новогодишни изнебадувања “Започнуваме оваа среда 24.12.2025, од 17:00 часот, на плоштадот Методија Андонов-Ченто. Ве очекуваат многу забава, вкусна храна и бројни изненадувања.Заедно да ја испишеме најубавата Прилепска празнична приказна.” напиша на својот...