ПОЗНАТ Е ТОЧНИОТ ДАТУМ НА КРАЈОТ НА ЕВТИНИОТ ШОПИНГ: „Тему“ и „Шеин“ веќе нема да продаваат по „багателни“ цени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од 25 април кинеските онлајн продавници „Тему“ и „Шејн“ ќе ги зголемат цените на производите по царините воведени од САД.

– Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без компромис за квалитетот, ќе бидеме принудени да ги приспособиме цените од 25 април – се вели во соопштението на „Тему“ и „Шејн“, кои нудат производи од играчки до паметни телефони и ги повикуваат потрошувачите да ја искористат можноста дотогаш да купуваат по актуелните цени.

Нивниот бизнис модел е под закана по неодамнешната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на „трговската дупка“ што дозволуваше пакетите поевтини од 800 долари да влезат во САД без царина од Кина и Хонгконг. Наредбата стапува на сила на 2 мај.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Стани дел од нашето големо Лидл семејство и започни да ја испишуваш твојата успешна кариерна приказна!

Грижа за вработените, развој, добри услови за работа, динамика тимска работа, обука во странство. Ако барате врвна компанија со која ќе може да растете, аплицирајте за заменик менаџер на маркет на нашата кариерна страница. jobs.lidl.mk

Европа ја препозна слабоста на ТППЕ во државата – Германската покраина Баварија донираше возило и опрема за ДПД – Кочани

Европа ја препозна слабоста на ТППЕ во државата, а особено во Кочани, кога на 16 март во дискотеката „Пулс“ избувна пожар и  загинаа 62 млади лица. Германската Амбасада на ДПД – Кочани, донираше навално противпожарно возило марка „Магирус“, како и огромна количина на опрема за пожарникарите. Од Германската Амбасада во Скопје за донацијата зборуваше Доменик

Одбележан празникот Источен Петок – Балаклија на „Добра Вода“ во Оризари

Денеска, петок, 25 април 2025 година, манастирот Добра Вода во Оризари го прослави празникот Пресвета Богородица или познат уште по името (Источен Петок – Балаклија). Радио Кочани и овој пат одговори на поканата да го регистрира овој голем сенароден собир, со тоа што за разлика од минатогодишната прослава овој пат имаше за 10 пати повеќе