Позитивни резултати и нови терапии за повредените од „Пулс“ – Кочанската болница со засилена грижа и инвестиции

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Педесет и осум лица повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе носат компресивна облека, која, според лекарите, дава видливи резултати во третманот на лузните. Директорката на Општата болница во Кочани, д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, информираше дека облеката се носи најмалку две години и овозможува пациенти да се движат и да посетуваат физикална терапија.

Дополнително, уште 14 пациенти се во процес на мерење за ваква опрема. Во болницата пристигнаа и нови специјални креми и 95 лепенки за третман на изгореници, со набавка што ќе се одвива според достапноста на пазарот.

Во пожарот загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Десет пациенти и натаму се на лекување, половина во странски, а половина во македонски здравствени установи.

За забрзување на заздравувањето, веќе се применува и ПРП терапија – иновативен третман со плазма од сопствената крв на пациентот. Досега 19 лица се третирани од два различни медицински тима од Скопје. Сите идни пациенти ќе добијат повик со точен термин.

Во координација со Министерството за образование, се планира и поддршка за учениците жртви во трагедијата, со цел нивно редовно вклучување во наставата.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, нагласи дека Владата инвестира системски во здравствениот сектор во Кочани. Во тек е целосна реконструкција на просторот за физикална медицина на 350 м², што вклучува нова електрична, водоводна и противпожарна мрежа, замена на прозорци, врати, подови и поставување на нова хидрантска инсталација.

Од утре започнува приемот на пациенти и во рехабилитацискиот центар на Пониква, каде што се направени подготовки и дезинфекција, поставени се комарници и обновени се спортските игралишта.

– Кочани добива системска грижа. Денес вложуваме во инфраструктурата, безбедноста и достапноста на здравствениот систем – истакна Митева, потенцирајќи дека грижата за повредените не престанува, туку се засилува.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Тимот на „АлеДар Премиум“ е победник на 23. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал

Тимот на „АлеДар Премиум“ е победник на 23. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал, кој во финалниот натпревар со резултат од 7 : 3 ја совлада екипата на „Исток Турс Цуфле“. Третото место, пак годинава го освоија фудбалерите на „Денка Транспорт“. Наградите што ги обезбеди Локалната самоупрва на Кочани беа во изност од 60.000,

ХУМАН ГЕСТ ОД САШКА КУЗМАНОВА – ИЗМАМИ НАСМЕВКИ ОД СЕДУМ ДЕВОЈКИ

  Сашка Кузманова од Кавадарци – голем хуманитарец, со огромно срце и душа, денеска со љубов донираше 7 перики од природна коса на 7 девојки од Кочани, кои настрадаа во пожарот на 16 март. Потребни се три недели трпеливост и труд да се изработи една таква перика, а Сашка сите седум ги донираше денеска на

Привршува изградбата на куполата на храмот „Преображение“ во Кочани – Потребна е поддршка за завршување на светиот дом

По молитвите на Светите апостоли Петар и Павле, и со Божја помош, завршува изградбата на куполата на храмот „Преображение“ во населбата Атомски Згради, Кочани. Работите на храмот се одвиваат секојдневно, а за да се доврши целосно ова духовно светилиште, потребни се дополнителни финансиски средства за следните активности: Изработка на фасада Дворно уредување Изградба на камбанарија