Пожар во штала – со повреди се здобил малолетник

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 24.06.2025 во 21.27 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Дреновци, прилепско, настанал пожар во штала сопственост на П.В.(67).

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп, а со повреди се здобил малолетник од с.Дреновци, прилепско, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Исто така, во пожарот изгореле три домашни животни. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од МВР.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...