Пожар во куќа на улицата „Гоце Делчев“ – нема повредени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Пожар избувнал ноќеска во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 22 февруари 2026 година во 02:35 часот, во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа во која во моментот немало присутни лица.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.
На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Кочани, при што се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Денес е Велики поклади или Прочка – Ден на меѓусебно простување

Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Прочка е подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов

Трагедија кај Виница: Загина млад маж, излетал од пат

На 21.02.2026 околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот.   –Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна

Две лица од Кочани приведени бидејќи управувале возила под дејството на алкохол

Двајца возачи од Кочани управувале возило под дејство на алкохол, при што им биле измерени 1,83 и 2,91 промили алкохол во крвта. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.   Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.   Апелираме до сите учесници во