Пожар во атарот на с. Бешиште, мариовско.
Пожарот што започна во саботата на 28.06.2025 година, во атарот на с. Бешиште, во близина на границата со Грција, сè уште трае. Гори сува трева и дел мешана шума, но во моментов нема активно горење.
Пожарот е активен во два крака:
Еден на местото викано Уров, во атарот на с. Бешиште , а еден во правец кон с. Градешница, Општина Новаци.
Огнот се шири кон границата со Грција. Теренот е тешко пристапен, што ја отежнува интервенцијата.
На терен се ангажирани 3 лица од ШС „Црн Бор“ – Прилеп со 1 возило опремено со пумпа и 5 пожарникари со 1 возило од ТППЕ Прилеп.
За настанот се известени:
– ШС „Кајмакчалан“ – Битола
– РЦУК Прилеп
– ЕЛС Прилеп
– ДЗС Прилеп
– СВР – ПС Прилеп
– ПС Новаци
Информираат од ЦУК