Повторно гори депонијата Алиници

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Депонијата Алници утрово повторно гори. Пред два месеци, депонијата неколку дена гореше , па тогаш од ЈКП Комуналец -Прилеп, надлежни за управуваат со депонијата,  истакнаа дека пожарот е подметнат. „Во моментов гори отпад, стар, од пред повеќе години. Секаков вид на отпад, тоа е оној отпад кој што кога се градеше ТИРЗ Прилеп се покри со земја од тој дел. Има стражарска служба, но површината е огромна, колку и да се обезбедува не може секогаш да се забележи извршителот.“ рече тогаш Рубинчо Абрашокси,  директорот на ЈКП Комуналец -Прилеп. Иако беше нагласено дека пожарот е подмената и општинат аимаше апел да не се пали депонијата Алиниц, сторителот на подметнатиот пожар на депонијата не беше откриен.

Дали причината е повотрно подметнат пожар  или станува збор за самозапалување на отпадот не е познато, но факт е дека,  штетата при горење на депонијата е на граѓаните и дополнителното создава  загадување на воздух. „Не поднослива миризба се шири низ прилепското поле“, се жалаат нашите слушатели и  читатели,  жители на околните села и оние кои веќе ги започнаа земјоделските активност во прилепското поле.

Инаку, како најадекватно решение е изградба на современ Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци што го планира МЖС, каде се предвидува ѓубрето да го  одлагаат 18 општини од Југозападниот регион (Новаци,  Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод) за заштита на животната средина и отстранување на депониите од овие општини, кои се третираат како ѓубришта, а не како соверемни депонии.

Но, изградбата на регионалната депонија во Новаци, во која отпад ќе треба да депонира и Прилеп, повторно е на “стаклени нозе” , бидејќи битолчани, плашејќи се од загадување на воздухот и почвата,  за в сабота, најавуваат протести за изградба на Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци. Граѓаните побарале спроведување на референдум во Општина Битола, по ова прашање.

Инаку, проектот го спроведува министерството за животна средина, а за сите четири регионални депонии меѓу кои и оваа за Југозападниот регион, државата се задолжи со заем од Европската банка за обнова и развој. Во моментот, Министерството за животна средина подготвува тендерска документација за избор на изведувач што се очекува да заврши до 2025 година, а доколку навреме отпочнат работите изградбата на Центарот за управување со отпад треба да заврши до крајот на 2027 година.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...