Повторно гореше дабничко

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Густ, црн, висок чад попладневно се издигна над Прилеп, од кај дабничкиот предел. Од Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС информираа дека горела поголема количина смет на тој дел од градот, на локација која е претворена во депонија и  каде што со месеци се фрла ѓубре.

Од ДЗС информираат дека ТППЕ –  Прилеп веќе интервенирала. Надлежните апелираат граѓаните да се воздржат од палење отпад, сува трева и гранки, бидејќи огнот брзо се шири, особено при ветровито време. Локалните служби препорачуваат жителите во близина на пожарот да ги затворат прозорците, да избегнуваат престој на отворено и, доколку чувствуваат непријатност од чадот, да користат маски или марами како привремена заштита.

Во случај на влошување на состојбата или ширење на огнот, граѓаните да се јават на 193 или 112.

Инспекциските служби најавуваат контроли на локациите каде што се создаваат диви депонии, со цел превенција на нови пожари и утврдување одговорност за несовесно депонирање отпад.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...