Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

“Денеска имам чест да означам заокружување на еден значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за граѓаните. На Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk – од денес се достапни две нови, долго очекувани услуги од Основните судови, тоа се, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица.” – изјави Андоновски

Министерот дополни дека станува збор за најкористените тековни услуги од основните судови, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.

“Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност,  станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури.“

Андоновски истакна дека намерата е граѓаните повеќе да не чекаат со часови пред судските шалтери и архиви. Во таа насока истакна дека целта на Министерството е едноставна, но ефикасна: „Граѓаните да поминуваат повеќе време со своите семејства, со своите пријатели, и да придонесуваат кон економијата, а помалку пред административни шалтери.“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...