Потпишан меморандум за соработка преку кој кочанчани ќе добиваат субвенции за енергетско ефикасни фасади

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
В.д градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија потпишаа меморандум за соработка во рамки на проектот OSS HABITAT, којшто е насочен кон придобивки на граѓаните преку интегриран систем од услуги кои ќе придонесат кон заштедување средства и подобрување на енергетската ефикасност во домовите на граѓаните кои живеат во станбени единици и објекти за индивидуално домување.
Услугите преку проектот се во интерес на домаќинствата кои живеат во индивидуални куќи и станбени згради, со цел истите да ги подобрат условите на домот, да ја зголемат енергетската ефиканост и да имаат целосен пристап до сите информации за едноставно енергетско ефикасно реновирање на домот.
Проектот со времетраење од 36 месеци е поддржан од Европската Унија, а учество со финансирање ќе зеде и Општина Кочани.
Очекувани резултати од проектот во период од три години се реновирани 200 станбени единици и објекти за индивидуално домување и генерирани инвестиции во вредност од 3 милиони евра.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Итната медицинска помош – Кочани регистрира зголемен број на интервенции поради високите температури – Возниот парк по долго време е со нови амбулантни возила

Итната медицинска помош од Кочани, регистрира зголемен број прегледи и повици за интервенции во домашни услови, како  последица од високите температури. Оттаму истакна дека од топлотниот бран најмногу страдаат хронично болните и постарите над 60 годишна возраст. Лекарите апелираат сите болни лица да си ја земаат потребната терапија и да не излегуваат на отворено во

Газдата на „Пулс“ платил глоба за да не му ја блокираат жиро-сметката, а му било пломбирано кафулето во Кочани

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата што му ја изрекла Управата за јавни приходи откако биле констатирани неправилности при готовинските плаќања, поради што не била блокирана жиро сметката, а запечатен бил другиот негов кафе бар „Класик“ во центарот на Кочани, тврди директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова за инспекциите во дискотеката во

Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).   Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:   – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР