По повод празникот Мала Богородица и 20 години од формирањето на локалната самуправа на Чешиново-Облешево ,вo сабота, на 21 септември , се организира концерт кој ке биде одржан во Паркот во Облешево.
Настанот ќе започне во 19:30 часот каде пред присутните ќе настапат фолклорниот ансмбл „Китка“ од Истибања, веднаш по нив Роберт и Панки, а главна ѕвезда на вечерта ќе биде гостинот од Србија, Исак Шабановиќ.
Прославата се организира по пауза од четири години поради ковид пандемијата, како и лошата финансиска состојба на општината.
Организацискиот одбор ги поканува сите граѓани кои се во можност да да присуствуваат и да бидат дел од забавата.