На 14 ти октомври 2025 г./ вторник/ во кино Мис Стон од 19.30 ч. ќе се прикажува македонскиот филм „Диџеј Ахмет“кој моментно е на врвот во филмската уметност во земјава. Режисер на филмот е Георги М. Унковски. (возраст 12 +, 100 м. траење)
Улогите ги толкуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Mехме, Дора Акан Златанова.
„Диџеј Ахмет“ е прв дологметражен филм на режисерот Георги М. Унковски, во кој се говори за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село воМакедонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг.
Во филмот се зборува на турски и на македонски јазик. Главната улога на Ахмет му е доверена на Ариф Јакуп, натуршчик кој за филмот е избран на кастинг, заедно со Агуш Агушев, кој го толкува неговиот брат.









