д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин оддадоа почит и испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.
Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање
Општина Виница, вечерва во Домот на културата „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео