Пошумување во с. Мало Рувци – Ученици од “Кочо Рацин“- Прилеп засадија 2.500 садници

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Наставници и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, со помош на ЈП „Национални шуми“, реализираа еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на село Мало Рувци. Тие засадиија 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска, автохтони дрвца и веруваат дека со оваа акција ќе ја разеленат оваа површина, која беше неодмна опожарена  „Ова е нашата заедничка заложба за поздрава животна средина “ посочија учениците .

Минатата година оваа локација беше опожарена и претрпи голема штета од шумските пожари. Во август, бројни шумски пожари излегоа надвор од контрола низ целата земја. Само во Мариово од пожар биле зафатени 11.000 хектари шума, информираа од Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Инаку, во еко акцијата се вклучи и градоначалникот на Прилеп, кој изјави:

„Голема благодарност до младите еко-херои, наставниот кадар, родителите и целата бизнис заедница за нивната поддршка. Ваков ангажман е доказ дека и најмалото дело може да направи голема промена.“ напиоша на ФБ профилот градоначалникот н аПрилеп кои присуствуваше на еко акцијата.

Сезоната на пожари во 2024 година сериозно ја зафати Македонија. Од почетокот на летото  изгореле повеќе од 85.000 хектари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Три дена гори мариовско – постои опасност за активација на стари гранати

По три дена ,пожарот мариовско Бешиште, на границата со Грција, сѐ уште е активен, а според последните информации од Центарот за управување со кризи, гори шума со бор, даб и бука како и сува трева на површина од околу 100 хектари. Од ЦУК велат дека дополнителна потешкотија за гаснењето е...

Пуштен во употреба експресниот пат Фариш-Дреново

Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска,  отворена е за сообраќај и оваа делница.   Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за...

Прилепско Поле: Решен проблемот со дефектот на хидросистемот – вода за наводнување на Левата падина има

АД Водостопанство-подружница Прилепско Поле, преку соопштение информираа дека го отстраниле дефектото на хидросистемот во делот кој што ја опфаќа Лева падина на прилепско поле и која речиси, повеќе од еден месец, беше не функционална. Во соопштението се вели: Повеќе од еден месец, во екотна тутунопроизводството целата лева падина од прилепскиот...