Поранешниот градоначалник на Кочани, Папазов бара укинување на куќниот притвор

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој ја водеше општината во времето на трагедијата во кабарето „Пулс“ и е меѓу обвинетите функционери, доставил барање до Судот за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост. Предлогот, сепак, треба прво да го разгледа Јавното обвинителство.

Судот го повика Обвинителството да се произнесе, но јавниот обвинител побара одлука да се донесе на следната главна расправа, наведувајќи дека „ги немаме сите информации во овој момент“.

Денешното рочиште за трагедијата, во која загинаа 63 млади лица, се одржа во судницата во „Идризово“ и продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. Беа повикани пет сведоци, од кои четворица се обезбедени и присуствуваа.

Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настапот на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството

Извор: Скопје1

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Програма по повод одбележување на годишнина од трагедијата во Кочани

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Општата болница – Кочани ќе добие нови паркинг места на повеќе локации – министерот Алиу на првиот ден од работните активности…

Денеска, во кругот на Општа болница со проширена дејност – Кочани започнаа работни активности за уредување на дворното место, како и проширување на паркинг просторот на три локации. Како што информираше градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, на местото каде што беше поставена модуларната болница ќе биде изградена современа платформа за паркирање, со што значително

Паулина на својот универзитет во Англија собра 1000 фунти за болницата во Кочани

 Паулина Маказлиева успеа да ја оствари целта и да ги собере предвидените 1000 фунти за болницата во Кочани, со тоа што организираше и добротворен базар за продажба на македонски колачи на нејзиниот универзитет. Мисијата е исполнета. 1. Каде беше организиран настанот? -Настанот се одржа на Правниот универзитет во Вустер – каде што студирам. Беше поставен