ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ НА ТРУДНИЦИ И ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за здравство објави дека согласно прогнозите од УХМР, денеска се активира фаза 3 заради превенирање на последиците од топлотниот бран врз здравјето на населението. Оваа фаза ќе трае до 8 јули.

На предлог на Министерството, Владата донесе неколку препораки:

– Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработените во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

– Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17.00) за работници изложени на директна топлина.

– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо.

– Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа: простории со температура до 25 Целзиусови степени, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку.

– Сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

„Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност“, кажаа од Министерството за здравство.

Македонија, како и голем дел од јужна Европа, е погодена од топлотен бран. Во следните денови се најавуваат максимални температури од 32 до 41 Целзиусов степен низ земјата.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Љубење со стихови – поезија , дружење , моменти за незаборав

Поетско љубовниот перформанс кој вечерва повторно го покажа својот раскош пред прилепчани , „Љубење со стихови” повторно ја имаше својата магична вечер.Една несекојдневна,посебна поетска галаксија  која едноставно те тера да не ги штедиш дланките а претходно да уживаш во стиховите кои на свој препознатолив начин пред присутните ги презентираа ,...

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец. “Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги...

(ВИДЕО)Витаминка прва во прехранбениот сектор во Македонија воведува напреден ЕСГ систем на одржливост

Ретки се компаниите во Македонија кои воведуваат систем што вклучува взаемно поврзано работење за одржливост со сите засегнати страни за заштита на животната средина, грижа за вработените  и локалната заедница во која што работи. Витаминка е прва во Македонија за воведување на таканаречениот ЕСГ систем (enviromental, social, governance) согласно барањата...