ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот.
Делницата од автопатот А1 Велес – Градско е затворена поради голем пламен и отпаднати делови од приколка на товарно возило. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот е пренасочен по експресниот пат Градско – Дреново.
На магистралниот пат Прилеп – Градско, возилата се движат наизменично по една коловозна лента. Од АМСМ информираат дека на повеќе државни патишта коловозите се влажни, а интензитетот на сообраќај е умерен.









