Полициска хроника: Фатен крадец, ограбувал во фирма…

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На  13.10.2024 во 17.15 часот на ул.„Кордон“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(41) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кражба на предмети од кругот на приватна фирма – работилница за метал. Предметите му биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.10.2024 околу 01.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во населба Точила во Прилеп, сопственост на Ф.Г.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема, причинета била материјална штета. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 13.10.2024 во 21.00 часот во ОВР Прилеп,  72 – годишен прилепчанец пријавил дека на ул„Осоговска“ бил физички нападнат од неговиот син Р.М. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ФФМ: за ФК Победа забрана за присуство на публика на 4 домашни натпревари

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.

И репрезентацијата на Шведска ќе тренира на стадионот од ФК Големо Коњари

По младинската фудбалска репрезентација на Ерменија до 21 година (У 21) која неодамна одржа тренинг на стадионот од ФК Големо Коњари, и репрезентацијата на Шведска У21 ќе го користи теренот и просториите на овој второлигаш. Стадионот кој што е во одлична состојба,  според најавата од управата на клубот, вторник, од...

Ново спортско игралиште во ООУ Рампо Левката Прилеп

Дворот на ООУ „Рампо Левката“ е збогатен со уште еден простор за спортски активности на децата. Денеска беше промовирано и пуштано во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување. Градоначалникот Дејан Проданоски посочи дека инвестицијата е од Општина Прилеп.