Полицијата привела кочанчанец поради дивеење, тешко повреден 73-годишник откако паднал од „хамачи“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 30.04.2025 во 20.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Соколарци-с.Жиганци, општина Чешиново–Облешево, мопед „хамачи“, без регистарски таблици, управуван од М.Ј.(73) од село Соколарци паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(44) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 14.04.2025 во Полициската станица Кочани, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеник додека вршел службени дејства, откако пријавениот претходно бил приведен за нарушен јавен ред и  мир.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ВМРО-ДПМНЕ со натпартиски кандидат за Кочани – поддршка за д-р Владко Грозданов за претстојните Локални избори

  Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ги објави последните пет кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Посебно внимание предизвика најавата за Кочани, каде партијата ќе го поддржи натпартискиот кандидат д-р Владко Грозданов. Имено, за разлика од другите општини каде што се предложени партиски кадри, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во Кочани ќе се обедини околу кандидат кој

Цептер донираше Биоптрон уред за светлосна терапија на Општата болница во Кочани

Во соработка со здружението за екологија Грин Орг, компанијата Цептер денес донираше современ уред Биоптрон, прочистивач на воздух и Оху спрејови во вредоност од 25 000 на Општата болница во Кочани. Уредот е наменет за третман на изгореници, ублажување на болки и подобрување на процесот на заздравување кај пациентите. Со оваа донација, болницата добива можност да

Крстевски: На образованието му е потребна итна департизација

На образованието му потребен квалитет, а тоа подразбира итна департизација и предност на стручноста и компетентноста кај наставниот кадар. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме ако сакаме младите да ги задржиме овде. За тоа треба да ѝ погледнеме на вистината в очи и оваа учебна година да се реализира со паралелки со