Полицаецот Тоше Тодоровски кој загина во ,,Пулс” доби вечен спомен пред ПС – Пробиштип

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Денес, во кругот на Полициската станица во Пробиштип, се одржа свечена церемонија на откривање на спомен-биста во чест на храбриот полициски службеник Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби својот живот извршувајќи службена задача во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На настанот присуствуваа неговото семејство, колегите, претставници на институциите, синдикатите и бројни граѓани, кои со достоинство и почит се поклонија пред делото на Тоше, кој загина спасувајќи млади човечки животи.

Шест месеци по оваа голема трагедија, болката и тагата се уште се силни, но вечен ќе биде и споменот за неговата храброст и саможртва. Тоше останува симбол на посветеноста и пожртвуваноста на македонскиот полициски службеник – човек кој својот живот го стави во служба на заштитата на другите, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

 

Министерот додаде дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да стои покрај семејствата на загинатите, да ја чува нивната жртва од заборав и да се бори за правда, во името на сочувството, достоинството и почитта кон оние кои најмногу изгубија.

 

Вечна слава и благодарност за Тоше. Хероите живеат вечно, Тоше ќе живее вечно, порача министерот Тошковски.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Паулина на својот универзитет во Англија собра 1000 фунти за болницата во Кочани

 Паулина Маказлиева успеа да ја оствари целта и да ги собере предвидените 1000 фунти за болницата во Кочани, со тоа што организираше и добротворен базар за продажба на македонски колачи на нејзиниот универзитет. Мисијата е исполнета. 1. Каде беше организиран настанот? -Настанот се одржа на Правниот универзитет во Вустер – каде што студирам. Беше поставен

Сомнежи за селективна инспекциска контрола во угостителски објекти во Кочани?

Информации што пристигнаа до редакцијата на Радио Кочани од наш сограѓанин укажуваат на наводна нелогичност при синоќешната мешана инспекциска контрола во дел од угостителските објекти во градот. Според сведочењето, инспекторите најпрво се упатиле кон локал каде што се одржувала забава на која, како што се тврди, присуствувале и малолетни лица. Меѓутоа, наместо да влезат и

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште