Во тек сe огласите за распределба на 35 социјални станови во Кочани со што ќе се обезбеди покрив над глава на социјално ранливи категории на граѓани од Кочани.
Социјалната зграда во Кочани е трета по ред во овој град и е градена по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу нашата држава и Банката за развој при Советот на Европа.
Деца без родители или родителска грижа со наполнети 18 години и претходно биле згрижени во домови или во родителски семејства, деца без родители, како и корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни односно природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, потоа лица припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени, како и самохрани родители со малолетни деца можат да конкурираат за добивање на социјален стан под закуп во овие две згради.
Потребната документација која лицата ја поднесуваат до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кочани треба да биде доставена заклучно со 28.10.2024 година.