Поддршка за жените претприемачки со грант од 2500 и 5000 Евра

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Жените кои сакаат да отворат сопствен бизнис или сакаат да го развијат својот веќе постоечки бизнис, можат да добијат грант од 2500 или 5000 Евра  доколку имаат добра идеа и визија за развој на својот бизнис,  преку проектот „Економско вклучување и економска правда за жените од Западен Балкан“  со кои се охрабруваат женит  да бидат поактивно вклучени во заедницата за создавање одржлива и инклузивна економија.Целта е да се зајакнат економските права на жените и да се создадат услови за развој на женското претприемништво, бидејќи и статистичките податоци говорот дека жените од Западен Балкан споредбено со мажите се’ се помалку застапени на пазарот  на труд

.

Според организаторите, повикот е наменет за жени постари од 18 години кои имаат бизнис идеја или веќе водат бизнис во областа на производство, услуги или земјоделство. Посебен акцент е ставен на поддршка на жени од маргинализирани групи – невработени подолго од една година, жени со попреченост, самохрани мајки, млади жени до 30 години, жени над 50 години и жени од рурални средини.

„Нашата цел е да ги потткнеме жените да се вклучат во економијата и тие да имаат добробит за себе и своето семејство“, истакна Христина Хаџивасилева, Консалтинг за стратешки развој Скопје

Проектот кој ќе се реализира до 2027 година, има за цел да ги мотивира жените од овој регион што е можно повеќе да бидат вклучени на пазарот на труд.

„Поддржаните бизниси ќе добијат не само грантови, туку и дополнителна менторска и советодавна помош, како и можности за промоција и вмрежување. Рокот за пријава е до 30 септември,а можат да се пријаат сите заинтересирани жени над 18 години кои имаат идеја и желба да започнат сопствен бизнис или пак оние и кои имаат бизнис и сакат да го унапредат, од сферта на услуги, производство и земјоделство, при што во фокусот се жените од маргинализираните и ранливите групи“, рече Росица Тошевска, Консалтинг за стратешки развој,Скопје.

Овој повик за женско претприемништво содржи, 4 дневна обука, менторска поддршка при изработка на бизнис планот и грантови поддршка од 2.500 евра за основање на бизнис, и грант од 5.000 евра наменет за унапредување на веќе постоечки бизнис.

Во наредниот период ќе имаме многу средби на различни теми, со цел да им помогнеме на жените да ги зајакнат своите вештини, да може да им дадеме пренасочување, преквалификација за да бидат поконкуретни на пазарот на трудот, а она што е најважно да и поттикнеме да бидат носители на одлуки и во домот и во заедницата, рече Марина Тошеска, од ЛАГ АГРО ЛИИДЕР, партнер во овој проект.

Проектот EWI – Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан, којшто е имплементиран од CARE Balkans во соработка со партнерите: ENECA (Србија), LINK (БиХ), Консалтинг за стратешки развој (Северна Македонија) и Tehnopolis (Црна Гора), со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој (ADA).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: