Почнува „ОД НУЛА ДО КУЛТУРА“ – презентација на млади музичари од Прилеп и Македонија и културна наобразба

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Проектот за презентација на млади музичари од Прилеп и Македонија „Од нула до култура“ започнува в четврток – 26 јуни 2025г со почеток во 21.00 часот на камената бина, на отворено, во центарот на Прилеп. Ова е трета сезона на иницијативата со поддршка на Општина Прилеп за промоција на музичките вредности, преку презентација на млади музички таленти и групи.

„Проектот е осмислен на локални млади музичари или пак локални веќе етаблирани бендови да им даде за задача да направат програма во времетрање од 90 – 120 минути со песни од светската популарната поп и рок култура која имаат големо влијание за културна наобразба на секој човек како Beatles, The Queen, Sting, Bob Dylan, Depeche Mode, Pink Floyd, U2, R.E.M, Michael Jackson итн, итн, со тоа што би биле тематски вечери за промоција на вакви великани на музиката кои се наградувани дури и со Нобелова награда да им се презентираат на помладите, односно еден дел од вечерта би била посветена исклучиво на еден музичар, односно група , а вториот дел од вечерта бендовите би свиреле авторски песни и песни од останати групи, односно музичари,“ вели авторот на проектот Кире Конески.

Иницијативата е предвидена да се реализира во периодот од 26.06.2025 до 18.09.2025 за време на школскиот распуст, со тоа што би се одржувал седмично, односно секој четврток доколку временските услови го дозволат тоа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...