Почит кон минатото за подобра иднина – 11 Октомври Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со поклон и почит пред моштите на загинатите борци кои се во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп, бројни делегации го означија чествувањето за празникот 11 Октомври – Денот на народното востание.

Според Рубинчо Белчески, претседателот на прилепскиот Сојуз на борци, тој победнички истрел кој се случил во Прилеп на 11 октомври 1941-та година не бил само симболичен чин. Тоа било автентично сведоштво на определбата на македонскиот народ да се истрае на Балканските ветришта и од почетокот на борбата до денот на победата- 9 мај во 1945 година, да биде на страната на антихитлеровската коалиција. Белчески испрати порака до новите генерации да се почитува историскиот влог на борците.

-До новите генерации порачуваме да ја почитуваат државата, да ја почитуваме историјата, да ги почитуваме борците, бидејќи без минато нема иднина. Ако знаеме дека минатото дало многу жртви, и од тоа мора многу да учиме, а во иднината да ги применуваме позитивните аспекти од минатото, да ги паметиме и да не ги повториме грешките од минатото – изјави Белчески.

Владината делегација ја предводеше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Тој рече дека нашата обврска е да ја одржуваме традицијата и да ги градиме добрососедските односи, зачувувајќи ја државата.

-Денеска сме овде да ја зачуваме традицијата, да се потсетиме на минатото кое, практично е водилка и за иднината. Градиме единство, Македонија низ годините била кон непокор за да го има она што е денеска. Нашата обврска е да продолжиме да ја градиме традицијата, да ги одржуваме и сите добрососедски односи, но и нормално, да ја зачуваме нашата Република Македонија – изјави Трипуновски.

Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Прилеп – градот херој гордо стои како споменик на непокорот, храброста и борбата за слобода.

-Се навршија 83 години од почетокот на борбата против фашистичката окупација во Македонија го покажува духот на нашиот народ кој ни остава една традиција да се надградуваме, односно секогаш со сплотеност и сложност да можеме да се спротивставиме на сите предизвици кои ја затекнаа нашата Македонија. Со изразувањето спомен за минатото не прекинуваме, туку продолжуваме со нашите обврски за сегашноста и за иднината – рече Јовчески.

На чествувањето присуствуваа и гости од повеќе здруженија на Словењнија, Хрватска и Србија, почитувачи на придобивките одпоранешната заедничка држава, СФРЈ нагласувајќи дека треба да продолжи соработката меѓу државите на Балканот.

-Денеска дојдовме со вас да го увеличиме вашиот празник и да ве поздравиме. Ја пренесуваме заложбата за трајното наследство од минатите времиња, а тоа е борбата против фашизмот. Тука се претставници од Ју-центарот „Тито“ од Белград и антифашистите од Словенија. Ова ново време бара нови облици на соработка, но постојат и темелни вредности. Сметаме дека темелна вредност е антифашизмот. Без тоа нема напредок. А постојат повеќе облици за соработка – култура, технологија, стопанство преку кои мора да соработуваме – рече Мио Миљак, потпретседател на здружението „Јосип Броз Тито“ од Пула, Хрватска.

Прилеп во Народното востание дал 650 борци и 10 народни херои. Уште пет народни херои што ги дал градот починаа по Ослободувањето за што се подготвува проект во Алејата на народните херои за покрај 10-те бисти да се постават уште пет.

Извор: МИА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...

Започна електронското пријавување за упис во средните училишта

Во Македонија почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година на располагање се над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта. Според објавата на Министерството за образование и наука, најмногу слободни места има во стручното образование – повеќе од 17.000. Речиси 6.000...

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пет награди за претставата „ЦРНИЛА“ на прилепскиот театар

Познати добитниците на наградите од 60-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Со најголем број награди, вкупно 5, се закити прилепскиот театар НТ „Војдан Чернодрински“: Награда за костимографија – Марија Пупучевска; Награда за сценографија – Валентин Светозарев; Награда за млада актерка – Сара Спиркоска; Награда за главна машка улога...