ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ НА „РИБЉА ЧОРБА“ БОРА ЃОРЃЕВИЌ

Бора Ѓорѓевиќ, пејачот на „Рибља чорба“ и еден од најпопуларните рокери во поранешна Југославија, почина на 72 години во Љубљана, потврди неговиот менаџер Бане Обрадовиќ. Ѓорѓевиќ во последно време се лекуваше од тешка пневмонија во болница во Љубљана, каде што живееше.

Роден во Чачак во 1952, Бора Чорба ја почнал речиси шестдецениската музичка кариера во групите „Заједно“, „Сунцокрет“ и „Рани мраз“, пред да ја оформи „Рибља чорба“ во 1978.

Под водство на Ѓорѓевиќ, „Рибља чорба“ стана една од најуспешните југословенски рок групи, која за период од 40 години издаде 20 студиски албуми, последниот во 2019.

Како текстописец и композитор, Ѓорѓевиќ соработуваше со бројни југословенски пејачи, како Здравко Чолиќ, Неда Украден, Маја Оџаклиевска, Оливер Мандиќ, Оливера Катарина и Мики Јевремовиќ.

Извор:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

УБИСТВО ВО КОЧАНИ: Пиеле со соседот, па го усмртиле со тврди предмети – Уапсени две лица

Ѓ.Б. вчера во 07:43 часот пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна...

Делегации положија свежо цвеќе по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани...

Продолжува традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Општина Кочани ја продолжува традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, 10-та по ред, која оваа година ќе се одржи на „Пониква“ на Осоговските Планини. Во колонијата...