Почеток на Божиќните пости: Пат на покајание, молитва и благодарност кон Бог

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Божиќниот пост почнува утре, 28-ми ноември, четврток.

Истиот трае 40 дена, но за разлика од велигденскиот, не е многу строг.

До 6-ти јануари, верниците што ќе се одлучат за пост не смеат да  јадат месо, јајца и млечни производи.

Во последната недела пред Божиќ, постот станува построг.

Не се консумира риба и се препорачува да се пости на вода.

Постењето го чисти телото, ја зајакнува  волјата и ја издигнува душата над телото.

На оваа тема Радио Кочани зборуваше со свешетеникот Димитар Арсовски од Храмот „Св. великомаченик Георгиј“.

ТИПИК ЗА БОЖИЌНИТЕ ПОСТИ

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео