Победа со деветмина нови го стартува пролетниот дел од сезоната

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

 Победа пред стартот на пролетната  полусезоната го промени кадарот и доведе деветмина нови во своите редови: голманот Иван Николоски (Поградец, Албанија), како и играчите Филип Димоски (Охрид), Јасин Казимоски (Воска, Охрид), Јусуф Каба (Струга), Горан Димоски (Борец, Велес), Исмаил Бектеш (Новаци), Младен Љумовиќ (Беласица, Струмица), Петар Петроски (Слога, Виница) и Метин Ќерими (Вардар Неготино). Сите имаат право да настапат веќе на утрешниот прв пролетен првенствен меч со штипска Брегалница.

Од клубот заминаа : голманите Антонио Столевски (Слога, Виница) , Антонио Шемкоски (Кожуф, Гевгелија), како и играчите Дамјан Ангелковски (Академија Илинден, Скопје), Давид Дебрешлиоски и Давид Јошески (Детонит, Радовиш), Никола Талески (Брера, Струмица), Матеј Ѓурчиновски (Беласица, Струмица), Мартин Андоновски (Новаци) и Христијан Кукески (Големо Коњари).

Мечот Победа – Брегалница е утре (сабота) од 14 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп

Пишува порталот Шампион

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...